4.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

(Видео) Од снимањето на „Небо и земја“

Ексклузивна можност да ѕирнете во студиото каде што нашите познати пејачи Елена Ристеска, Влатко Лозаноски, Викторија Лоба, Некст тајм, Димитар Андоновски, Љубојна и Златно славејче работат на возобновување на „Небо и земја“ – стара словенска коледарска песна, со традиција да се пее во битолскиот крај до пред 30 години.

Оваа песна се’ уште се пее на Бадник во Русија, Украина и Белорусија, а отсега, ќе се возобнови традицијата и во Македонија.

Деновиве се работи и на видео спотот за истата, што ќе биде промовиран веднаш по Нова Година, како најубава Божикна честитка од пејачите до својот народ.

„Небо и земја” е стара словенска коледарска песна, која до денес се задржала во помнењето на старите битолчани, како песна што се пеела и на Бадник и на Божик.
Оваа песна се’ уште се пее на Бадник во Русија, Украина и Белорусија.
Можно е оваа песна да се пренела во руските земји токму од овде, од Македонија, бидејќи рускиот народ примил крштение од Охридската Архиепископија, а со тоа усвоиле и голем дел од традициите коишто тука се негувале.
Подоцна, пак, поради состојбите во кои западнал Балканот, голем дел од тие традиции кај нас биле изгубени. Но, за среќа биле задржани во Русија која во тоа време била единствена слободна православна земја.
Се претпоставува дека после Октомвриската револуција, руските емигранти кои дошле тука во Македонија, ни вратиле дел од тие традиции, меѓу кои и оваа песна.

поврзани објави

Последни објави