5.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Мицкоски на 1ТВ: Она што Заев го критикуваше, сега го има усовршено како своја политика

Не можеме да поддржиме документ со кој се прифаќа промена на уставното име, со кој се додава фуснота на македонскиот јазик. Можеби според толкувањето во Заевизмот е дека ништо не губиме, но според толкувањето на грчките политичари постојат граѓани на Република Северна Македонија, а македонскиот јазик е денес со фуснота. Пред овој договор постоеше Република Македонија во сите меѓународни институции, рече Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување на 1ТВ со Сашо Ордановски.

ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која ја претставува есенцијата на македонскиот народ. ВМРО-ДПМНЕ ќе изработи програма, ќе излеземе на предвремени парламентарни избори и јасно точка по точка ќе ја освоиме довербата на македонските граѓани со цел да ја предводиме следната влада.

Рековте јас сум дел од минатото. Тоа минато заврши на 1 мај 2018 година, кога Зоран Заев беше избран за премиер. Таа влада позади себе имаше програма. Но ништо не направија. Можам да ви кажам – дали сме рамо до рамо со Хрватска, Словенија, Словачка, Чешка? Не! Дали сакате да разговараме за брзината на гласање на референдумот, зошто немаме кривични пријави, сакате да разговараме за 600 километри, сакате да разговараме за криминалните иновации. Јас не можам да се изразам, се украдоа неколку милиони евра, па ги разбирам. Таков речник од лидерот на опозицијата не можете да очекувате. Сакате да ми кажете дека треба да толерираме амнестија, случаи кои кои што само се од корист за власта.

Она што Заев го критикуваше, сега го има усовршено како своја политика. Вие имате фирма во здравството формирана за да добие тендер. Сакате да ми кажете дека ова се европските вредности кои треба оваа власта да ги негува? Ова е право и правичност? – рече Мицкоски.

поврзани објави

Последни објави