2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Христијан Мицкоски: Заевизмот ќе биде поразен, изборите што доаѓаат ќе бидат референдум на народот

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денес порача дека Заевизмот мора да биде поразен, а изборите што доаѓаат дека ќе бидат референдум на народот.

-Сега е време да се чуе вашиот глас во политиката и моментот кога мора секој од вас да се определи. И навистина не е доволно да стоите пред малите екрани и да бидете само огорчени поради лошата реалност. Мора да одберете страна да излезете и да гласате. Мора да се одлучите. Или ќе гласате против сето ова што се случува, или ќе одбиете да влијаете на работите кои стануваат се полоши. А зависи од вас. Или сте со нас и заедно ќе се бориме, или ќе ја одобрите неправдата да стане закон. И добро знаете дека нема да биде подобро ако се продолжи вака. Да не ги повторуваме грешките од минатото кога предупредувавме како партија дека со овие на власт Македонија ја губиме. Дека ќе направат промена на име, идентитет, дека ќе ја понижат Македонија, дека лажат кога ветуваат живот. И не сакам да звучам отмено и паметно и во стилот “ви рековме дека вака ќе биде” зошто знам дека сте имале доволно причини да гласате против нас, и ние сме поискусни и свесни за нашите пропусти во минатото, денес ви велам секоја задршка која постои кај некој од граѓаните да не поддржи сигурно е помала од опасноста и пропаста кон која власта ја носи Македонија, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ порача дека од сите нас зависи што ќе избереме, поискусни сме, ги идентификувавме грешките и знаеме како.

-Вистинскиот мандат во оваа земја се помалку е во она Собрание кое толку многу пати ги прекрши процедурите, туку во народот на оваа земја. Силата е во вашиот глас и сега нема да има изговори. Сликата е многу јасна и совршено чиста. Само заедно да се обединиме и да влијаеме да ги промениме работите. Да се дочекаме на нозе. Нема изговори, и сите наши разлики се помали од нашата цел која е поголема и повисока од секој нас посебно. Ние тргнавме да го рушиме Заевизмот и за секој има место до нас, потенцира Мицкоски.

Тој се обрати и до оние кои се мислат дали да излезат да гласат.

-Значи не до оние уценети слуги на Заев кои работат на дугме, тие знам дека имаат задача и таму бизнис и притисоци се во прашање, и такви има се помалку, туку на оние чесни родољубиви луѓе, интелектуалци и искрени патриоти кои се разочарани од секојдневието, а на кои Македонија им е важна. Имаме ист противник, Заевизмот е наш противник исто колку што е и ваш. Но Македонија ни е заедничка. А бојкотот е слепа еднонасочна улица после која нема втор чекор. Тоа е ѕидот на власта. Нема втора опција и решение. Затоа да си подадеме рака и да ја искористиме неповторливата шанса да го поразиме Заевизмот на избори и само така да ја издигнеме Македонија. Да застанеме заедно под бајракот на заедничката победа, додава Мицкоски.

поврзани објави

Последни објави