Реал Мадрид беше нокаутиран на домашен терен од Ајакс со 1:4 и со вкупни 3:5 „кралевите“ се елиминирани од Лигата на Шампионите, натпреварување кое рекордни три години по ред го освојуваа.
Ваквата елиминација ја чекаа ривалите на Реал Мадрид, кои веднаш се впуштија во акција со сарказам и шеги на сметка на „кралскиот“ клуб. Нема што, мора да признаеме, некои од нив се навистина креативни.
„Го наполнија како гласачка кутија во Сарај“, е еден од коментарите. Додека друг гласи: „Се беше океј, само тактиката ја згрешивме“.
По двата порази на „Сантијаго Бернабеу“ од Барселона во рок од неколку денови, имаше шеги од типот: „Стадионот „Сантијаго Бернабеу“ е тренинг центар на Барселона.
Вечерва пак продолжи тој мајтап: „Вечерва Барселона му го позајми својот тренинг центар на Ајакс, славниот „Сантијаго Бернабеу“.
И секако за крај, легендата не може да не каже свое мислење за ситуацијата, Амди Бајрам: