Ако сакате да ја исчистите без мака замастената решетка од рерна, ова е наједноставниот начин.
Ставете ја решетката во када со малку зовриена вода, колку да ја покрие решетката, па ставете малку детергент и сода бикарбона и оставете да стои вака околу еден час.
Потоа малку изрибајте со сунѓер и измијте со вода и детергент.
Сами ќе паднат маснотиите, дури и најзакоравените.