Претседателот на ГДУ Петар Колев на својата официјална фејсбук страница сподели негова визија за туристичка понуда на Штипскиот регион.
За момент ќе се обидам да ви доловам туристичка понуда која би била реалност ако барем малку труд, креативност и визија се вложат во овој рај, а не во глупости како барок фасади, лубриканти и авиони. Овој туристички рај ќе го заживее целиот регион!
„Посетете го Штип, балканската престолнина на СПА туризмот. Почувствувајте го нежниот допир на минералните води кои извираат од длабочините на македонската земја со 56 степени, природен лек кој ги регенерира вашата кожа и тело. Насладете се на прекрасните сауни, природни џакузија, топлите бањи и неверојатната Штипска пастрамајлија.
Посетете го Ново Село, револуционерниот инкубатор на Македонија. Прекрасните меани во традиционален амбиент ќе ве восхитат со прекрасната кујна. Прошетајте по Алејата на великаните покрај реката Брегалница. Посетете го античкиот локалитет Баргала, црквата Св. Ѓорги, Св. Богородица, Св. Спас и многу други.
Видете го Штип на дланка од Исарот, како и тврдината која пленува со својата убавина. Не заборавајте да ги вкусите пастрмките одгледани во рибниците на Козјачка река. Прошетајте по еко- патеките низ Плачковица кои се ремек дело на природата, а ако сте љубител на офроуд, плачковичките патеки ќе ве пленат со адреналин.“
Ако ова историско богатство, како и природните ресурси беа во некоја друга земја каде што владеат одговорни и креативни луѓе или пак тука владееја такви, ќе беше една од најголемите туристички атракции. Локалитетот Баргала кој е на 10-тина километри од Штип, како и црквата Св. Ѓорѓи која е една од најстарите на Балканот, Ново Село со неговата архитектура, прекрасните штипски цркви и многу други атракции би привлекле многу туристи. Козјачка река која тече покрај локалитетот, планината Плачковица со нејзината природа и убавина, како и топлите извори на Кежовица, се неверојатна природна даденост.
Тоа е дел од туристичката понуда за мојот роден град Штип! Ќе ја разработиме во програма за развој на туризмот во нашиот град. Може да се реализира во насока јавно-приватно партнерство и со европски фондови за транс-гранична соработка. Со мала помош од општинскиот и републичкиот буџет ќе го спасиме целиот регион.
Претставете си колку хотели, СПА центри, ресторани, меани, туристички водичи и многу други луѓе ќе се ангажираат и колку свежи средства ќе влезат и кај бизнисот и во општината, но и соседната општина Карбинци. Уште многу идеи и конкретни проекти и решенија ќе ги опишеме, но за да не е предлог текстот нема да ги спомнувам.
И без бизарни објаснувања дека не може да се реализира, нашите сограѓани често посетуваат такви места во соседството. Овој модел може да се спроведе не само во штипско, може и во многу други места во Македонија.
Прашање е на знаење, труд и упорност! Зошто ГДУ? Затоа ШТО!
Нашата визија за туристичка понуда на Штипскиот реѓион!
Posted by Petar Kolev on Saturday, March 9, 2019