По споделувањето со јавноста за информацијата дека е следен од тајна служба, блиска до одредена партија, кандидатот на СДСМ и ДУИ за Претседател на државата, Стево Пендаровски во текот на денешниот ден имаше свое обраќање пред жените од СДСМ, по одржувањето на традиционалниот марш предводен од премиерот Зоран Заев.
По однос на изјавата на Пендаровски, свој јавно искажан став имаше и премиерот Заев кој рече дека сите граѓани треба да се чувствуваат безбедни и дека следењето на Пендаровски веројатно било со цел да се фотографира со каков автомобил истиот се возел. Но, по оваа изјава на Пендаровски не стивнуваат реакциите на социјалните мрежи.
Пендаровски во гостување на две телевизии се пожали дека го следеле тајни служби, а доказ за тоа биле 3 фотографии од него објавени на социјалните мрежи
Кандидатот за претседател на СДСМ Стево Пендаровски не бил следен, туку некој му го фотографирал возилото од љубопитство, изјави премиерот Зоран Заев и тврди дека земјата е стабилна и безбедна, а информацијата дека Пендаровски бил следен е инструирана од некои квазипатриотски друштва.
„Земјата е безбедна и утврдивме дека некој сакал да претстави некоја лажна слика за овој настан, кога станувало збор само за фотографирање на возилото на Пендаровски. За жал и натаму има луѓе кои сакаат лажно да претстават некои информации. Тоа се некои квазипатриотски друштва, и тие луѓе се влезени во некои филмови“, рече Заев.
Новинарот Фуркан Салиу објави интересно видео на социјалните мрежи во кое напишал: Пендаровски збори, позади него жуто комбе.
Pendarovski zbori, pozadi bina ZUTO KOMBE !!! #МВР aloooo 😝 pic.twitter.com/vtvy2Y2Kdk
— FurKlan (@FurkanSaliu) March 9, 2019