6.8 C
Skopje
Thursday, December 12, 2024

ВМРО-ДПМНЕ ги откри кандидатите за градоначалници на Охрид и Ново Село

Вчера Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ избра кандидати за градоначалници на претстојните избори за Охрид и Ново Село.

-Во делот на Охрид кандидат на ВМРО-ДПМНЕ е д-р Митре Милошевски, неврохирург, татко на две деца, вработен во болницата Свети Еразмо во Охрид, човек кој што го знае цел град подготвен да биде градоначалник на сите граѓани. Навистина, д-р Митре Милошевски е одличен кандидат, го препорачуваме на Охриѓани, охриѓани го препознаваат и во наредните 40-тина дена нема да има врата, нема да има населено место, нема да има населба, село или било која улица во која што нема да појде. Сметаме на победа во Охрид. Изборите во Охрид се навистина важни исто како оние во Ново Село, во Дебар и секаде каде што има избори, и се надевам на навистина одличен резултат, истакна членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев.

Тој посочи дека изминатата една година Охрид целосно и тотално беше заборавен од централната власт.

-Нема никакви проекти, Охрид стагнира, Охрид се иселува, Охрид исчезнува и затоа на градот, на околните места им е потребен и економски и локален напредок, а тоа нашиот кандидат Митре Милошевски заедно со својот тим, заедно со граѓаните може да го обезбеди. Во, вториот дел исто така имаме одличен кандидат. Централниот и Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го кандидираат Николчо Стоилков од Ново Село за градоначалник на општина Ново Село, магистар по деловно право и вработен во Царинската управа на Република Македонија, татко на две деца, домаќин човек кој што го знаат граѓаните на сите населени места во општина Ново Село. Време е да се стави крај на скандалите во општина Ново Село. Време е да се стави крај на криминалот во Ново Село, епизодите поврзани со Боро Малборо и сите останати скандали кои што таму се случуваа. Ни треба чесен човек, домаќин човек, човек кој што ќе може да работи за Ново Село а Николчо Стоилков е токму таков, човек со енергија, човек со иницијативност, со компетенции, со тим и луѓе околу него. Затоа ги повикуваме граѓаните на општина Охрид и Ново Село да застанат зад овие двајца одлични кандидати. Луѓе кои што ги познаваат, луѓе кои што имаат проекти, луѓе кои што ќе бидат целосен контраст и спротивност од она што го имаме во моментот, рече Ѓорчев.

Исто така Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ заседаваше и констатираше дека вкупните состојби во Република Македонија се тешки, економската состојба е катастрофална, иселувањето е поголемо од било кога.

-Тоа се гледа и преку бројките, така што ова беспреспективност која што во моментот ја имаме во Македонија треба да биде прекината. Наместо развој, наместо инвестиции, власта на СДСМ секој ден нуди скандали кои што немаат никаква разрешница, нема живот туку напротив иселување и исчезнување, рече Ѓорчев.

поврзани објави

Последни објави