Обединетите нации (ОН) денеска соопштија дека околу 30 илјади се вратиле во своите родни краишта во градот Мосул, од каде беа протерани од Исламската држава после воените операции.
Од ОН велат дека од ден на ден се поголем е бројот на луѓе кој се враќат во својот град. Западната половина на Мосул, во која живеат околу 750 илјади луѓе се уште е под контрола на ИД.
Околу 190 илјади луѓе се преместија во последните 2.5 години поради делување на Исламската држава и воени операции.