Ало брат, кај си што правиш? Еве бе брат, на една и ја мирисам косата, а друга ме гази со штиклата. Аа доброоо. Ајде јави ми кога ќе слезеш од автобус. Важи!
Ова е вицот со кој сакаме да ве насмееме ова утро, особено оние скопјани кои се движат со автобус и ги читаат овие вицови. Во продолжение три други вицови кои ќе ве насмеат до солзи: Перо поминува покрај цвеќарница за 8 март. Продавачката го гледа и му нуди да купи цвеќе велејќи му: Господине. Зарем нема да купите буќет за вашата девојка. Не, одговара тој. Зошто, го прашува таа со зачуден израз на лицето. Затоа што немам девојка.
Како може таков убав човек да нема девојка, прашува таа повторно. Сопругата не ми дозволува, е одговорот кој го доби од Перо.
Знаеш ли ти кој е Александар Македонски? – Хасо го прашува Мујо.
Не знам! Епа, гледаш Мујо, тој некогаш бил голем војсководец кој владеел со половина од светот, му објаснува Хасо.
А од кога си ти одеднаш така паметен?
Епа, гледаш Мујо, тоа го научив во вечерната школа. Секоја среда одам на вечерна школа од седум до десет навечер. А ти знаеш ли кој е Наполеон, му возвраќа овој со прашање.
Не знам! Епа, гледаш Мујо, тоа е голем војсководец на кој му припаѓала половина Европа, а пораз доживеал кај Ватерло. И тоа го научив во вечерната школа.
А ти знаеш ли, Хасо, кој е Суљо?
Никогаш не сум слушнал, Мујо!
Епа, гледаш Хасо, тоа е типот кој е со жена ти Фата секоја среда од седум до десет кога ти си на вечерна школа.