11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Ана Брнабиќ: Протестите не ја вознемирија власта, кои се тие да даваат било какви рокови

Премиерката на Србија Ана Брнабиќ во изјава за српските медиуми вели дека протестите кои беа одржани изминатиот викенд во Белград не влијаеле негативно на власта, ниту пак ја вознемириле, по што го обвини лидерот на партијата Двери Бошко Обрадовиќ дека ги предводел протестите, со што им го скратил правото на демонстрантите да протестираат мирно и достоинствено.

Не постои никаква нервоза. Власта воопшто не е вознемирена ниту пак е допрена со протестите. Тоа беше мала бројка на луѓе која даде поддршка на Обрадовиќ, Ѓилас и Јеремиќ. Ние видовме кој ги предводеше тие протести.

Правото на мирен протест им е загарантирано и истото им го гарантираме и ние како власт а истото во повеќе наврати беше повторено и од претседателот Вучиќ.

Инаку на протестите се бараат оставки на претседателот Александар Вучиќ, премиерката Ана Брнабиќ, првиот собраниски спикер Маја Гојковиќ, оставка на раководството на РТС и обезбедување услови за одржување на слободни и фер услови во рок од шест-девет месеци се пораките на синоќешниот, 16-ти граќански протест „Еден од пет милиони“ во Белград.

поврзани објави

Последни објави