8.8 C
Skopje
Tuesday, December 10, 2024

Кога родителите ќе ве навредат: Еве зошто никогаш не смеете да им бидете лутни

Тешко е да се пронајде личност која не била огорчена барем некогаш од своите родители. Дури и ако ти биле совршени. Некому недостасувало љубов и внимание, некому убав збор или дело. Кога родителите ќе те навредат, еве што се случува:

Многу луѓе со години ги собираат навредите длабоко во себе. Имаат чувство дека некогаш ќе ги заборават. На крајот лутината ги превладее и стануваат бедни.

Да се живее со постојана замерка и оптужба спрема родителите е исто како да живеете со постојана болка. Тоа е исто како намерно да се лишиме од самодовербата и љубовта спрема себе. Доколку ги прифатиме нашите родители, онакви какви што се, ние всушност се прифаќаме самите себе. Ослободувањето на бесот кој го имаш спрема родителите, не е е лесен, но е многу важен. Поставете си цел да им опростите на своите родители, за цел живот да го поминете во патење и недостаток на среќа.

Вашите родители истотака имаат свои родители. Многу се одлегади во агресивна и непријателска средина. Можеби имаа свои трауми кои ги натерале на вас, своето дете да предизвикаат тага. Тоа секако не ги оправдува, но ќе морате да разберете дека тие луѓе се несреќни, скршени и едноставно немало друг начин.

Никој неможе да не сака како што ние посакуваме. Некој родители посакуваат да бидат пријатели со нивните деца, па ги занемаруваат родителските улоги. За други пак родителите биле премногу ладни, иако редовно ги хранеле, облекувале и воделе на лекар.

Само прифатете го фактот, додека се живи вашите родители, тие ќе ве сакаат. На свој начин. Тие бдееле ноќи над вас кога сте имале висока температура, кога ви растеле заби, кога прв пат сте паднале од велосипед. Сепак тие се само луѓе со свои недостатоци и сигурно те сакаат колку и како можат и знаат.

поврзани објави

Последни објави