6.8 C
Skopje
Monday, December 9, 2024

Сиљановска од Охрид: Северна Македонија нема иднина, ја враќаме Република Македонија

Кандидатката за претседател од ВМРО ДПМНЕ, Гордана Сиљановска Давкова на вечерашнио прв митинг од Охрид порача дека актуелното има на државата нема иднина, и дека после доаѓањето на местото на претседател на Македонија истото ќе се смени, односно во Република Македонија. Како што таа најави со уставна промена ќе се донесе клаузула за непроменливост на имено.

„Велеа нулта корупција, а имаме хибриден режим. Имаме едногласно комунистичко Собрание, кривосудството, реваншизам и селективна правда. Единствената реформа е Преспанскиот договор и промената на името.

Јас не сум против договори, но во договорите има две страни. Нашиот Устав вели дека меѓународните договори ги склучува претседателот. Заборавија дека министерот за надоворешни не е овластен да потпишува промена на името. Треба да победиме на овие избори и да отвориме пат за предвремени парламентарни избори.

Не велам дека ако ме изберете веднаш ќе го сменам името, тоа е невозможно. Но, сигурна сум дека ова име нема корен и не може да има иднина. Ќе дојде претседател близок до народот, ќе дојде еден одговорен состав во Собранието, нови уставни судии кои ќе го штитат Уставот. Тогаш еден ден со една уставна промена ќе го заштитиме името со една клаузула за непроменливост“, изјави Сиљановска.

поврзани објави

Последни објави