Руски турист е приведен на аеродромот во Бали, бидејќи како што пренесуваат тамошните медиуми се обидел да ја напушти земјата со орангутан во куферот.
Русинот Андреј Жестков бил задржан од страна на обезбедувањето, а во неговиот куфер пронашле орангутан на возраст од околу 2 години кој бил во длабок сон, како и пет гуштери.
Од полицијата велат дека мајмунот бил под дејство на психотропни супстанци, а се претпоставува дека тоа било дело на русинот, со цел без никакви потешкотии да го изнесе животното од државата.
Жестков се соочува со затворска казна од 5 години затвори и парична од 7.000 американски долари.