10.8 C
Skopje
Saturday, April 20, 2024
Платено политичко рекламирање

Без струја, вода, огрев: Порано работела во Владата, сега живее во камп приколка близу автопатот (Фото)

Ружица Карамарковиќ од Белград, која живее во Полом кај Владичински Хан има единствена желба, да не ја пречека зимата во камп приколката во која живее, покрај автопатот Коридор 10.

Ружица порано работела како домаќинка во српската влада, била во брак, живеела во стан и имала пристоен живот. Откако и бил врачен отказ од работното место, следувале несогласувања во бракот, болест и развод со својот сопруг, за на крај Ружица својата старост да ја чека без струја и вода, огрев, осамена во „конзерва“ сместена во ров меѓу автопатот и главниот пат во Полом.

„Според документите, се уште живеам во Белград, мажот ми ме избрка. Останав без ништо“, вели Ружица.

Станот и другиот имот сето останале на нејзиниот сопруг, иако веќе 16 години не живеат заедно, се уште официјално не се разведени, па така многу од нејзините права неможе да си ги оствари.

„Живеам од 14.000 динари пензија, затоа што морав порано да се пензионирам поради ослабени нерви“, додава таа.

Нејзиниот татко живеел во куќа во Полом која тој ја има изградено за други луѓе, па привремено престојувала кај него. Но, откако тој заминал од овој свет, газдите одлучиле да ја срушат куќата, па така Ружица завршила во камп приколка, која ја добила од својот брат.

„Сама сум на патот, без никакви услови за живот, без можност да отидам во Белград и официјално да се разведам и да добијам некое основно право“, вели Ружица.

Минатата зима ја поминала во куќа која ја пронашла во близина на автопатот, но истата подоцна била срушена поради изградба на коридорот. Живеела во подрум, а од страна на поранешните газди на куќата добила привремен мебел, струја и вода.

„Во подрумот можев да готвам, да се бањам, едноставно нормален живот и да ми биде топло. Меѓутоа оваа куќа мораше да се сруши, па еве ме сега во камп приколка“ додава таа.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави