6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

„Македонски шуми“ и „Холтс консалтинг“ ќе градат фабрика за пелети и брикети во Македонија

Јавното претпријатие „Македонски шуми“ потпиша меморандум за соработка со словенечката фирма „Холтс консалтинг“ за изградба на фабриката за производство на дрвени пелети и брикети. Финалните производи од планираниот индустриски капацитет би се пласирале на домашниот и на странските пазари, а најавена е и можност за производство на печки и грејни тела за пелети. Во проектот е предвидено да се инвестираат 10 милиони евра и да се обезбедат 500 нови вработувања во првата фаза од неговата реализација.

Македонски шуми“ во наредните две недели ќе ја определи локацијата за изградба на фабриката, при што од ова претпријатие се земени во предвид неколку парцели во близина на железничка пруга и на автопат. Предвидено е производството да почне на крајот од 2017 година. Договорот за соработка со словенечката компанија е потпишан за период од пет години. Покрај пронаоѓањето на локација, „Македонски шуми“ ќе има обврска да ги обезбеди потребните суровини (земјоделски отпад) за производство на дрвените пелети и брикети. Новата фабрика ќе ги прилагоди цените на производите во согласност со стандардот на граѓаните на нашата земја.

Најголем дел од производството во новата фабрика ќе се извезува на странските пазари, а словенечката компанија веќе има потпишано преддоговори со италијански компании за извоз на производите во оваа европска земја.

поврзани објави

Последни објави