6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Унгарија нуди огромна сума на пари за секој што ќе одлучи да живее во „Старо село“ (Фото)

Локалната власта во унгарската област Олафу, нуди финансиска помош од 6.000 евра за секој што ќе се одлучи да отиде и да живее во ова место на југот на земјата.

Целта на оваа мерка е да се спречи депопулацијата на местото, бидејќи повеќето млади луѓе го напуштаат, па својот живот го продолжуваат во некој од поголемите градови.

Олафу се наоѓа во јужниот регион, поточно во подножјето на планината Мечек, а неговото име во превод значи „старо село“. Во ова село живеат околу 300 лица, а повеќето од населението се германци.

Во Олафу постои градинка, а стапката на криминал е речиси на нула бидејќи со години не е забележана ниту една криминална активност.

Цената на недвижнините е малку поголема отколку што се очекува за едно село, бидејќи многу странци се заинтересирани за купување, што малку ги подигнало цените.

Освен сумата од 6 илјади евра, локалната влада им поставила услови на идните жители, вклучувајќи одредената личност да е во брак или регистрирано партнерство, или да станува збор за самохрани родители. Исто така, потенцијалните жители треба да имаат стабилно работно место и приходи, и да немаат никакви долгови кон државата.

Постои и официјална инспекција која ги проверува сите овие наводи, како и дали постои доволна гаранција дека потенцијалните кандидати ќе ги исполнат бараните услови.

Локалната власт исто така нуди плацеви за градење на куќа и дава дополнителни 620 евра за помош во градежнички материјал. Со добиените пари, жителите можат да изградат или купат куќа.

поврзани објави

Последни објави