Страшна сообраќајна несреќа се случила на автопатот Гостивар- Тетово, а фотографија од местото на настанот беше поставена на фејсбук страницата „Ѕид на сообраќајниот срам“.
Како што може да се види од фотографијата едно возилно е целосно оштетено, а за сега последиците за оваа несреќа не се познати.
Во текот на денот се очекуваат повеќе информации од страна на МВР, дали има повредени лица, и како дошло до оваа сообраќајна несреќа.
Ова е втора несеќа на овој патен правец, откако пред неколку дена на истиот автопат неколку лица го загубија својот живот.