ВМРО-ДПМНЕ со соопштение
„Нервозата кај соросовите невладини окупатори на граѓанскиот сектор станува се поголема.
Како што на виделина излегуваат се повеќе и повеќе детали за начинот на кој мрежата на организации под контрола на СДСМ/Сорос го корумпира невладиниот сектор, така расте и паниката во нивните редови.
Деновиве, како и многупати досега, повторно сме сведоци како овие т.н. граѓански организации повторно се обидуваат да се претстават како автентични и слободоумни претставници на цивилниот сектор, иако документите кои се појавуваат од нивната тајна комуникација уште еднаш го потрдуваат она што целата јавност веќе добро го знае – не се ниту автентични, ниту слободоумни, туку се слуги на политичките интереси на СДСМ/Сорос.
Овие организации кои Сорос и нивниот политички партнер СДСМ ги активира на копче зависно потребите на аболицираниот криминалец Зоран Заев и неговата злосторничка дружина, не се претставници на граѓаните на Република Македонија.
Овие организации од кои произлегуваат ликови како Владе Милчин, Павле Богоевски, Ивана Туфекгџиќ, Лидија Димова и други, не го претставуваат вистинското граѓанство во Македонија. Тие го претставуваат само оној слој на граѓани кои одлучиле да сеат магла дека се невладини, а да седат во скутот на СДСМ, на неговите пратенички листи или во извршните органи на партијата.
Тие не се заинтересирани ниту за граѓанските права и слободи, ниту за просперитетот на државата. Тие се заинтересирани само за тоа како преку манипулирање на јавноста да ги полнат своите џебови.
Овие луѓе не се граѓански сектор и не се грижат за интересите на граѓаните. Македонија заслужува вистински невладин сектор кој ќе ги препознае и ќе се бори за потребите на граѓаните.
Македонија нема потреба од платеници кои за туѓи политички интереси и агенди ќе вршат насилни кампањи против волјата на мнозинството. Затоа во Македонија е неопходен процесот на десоросоизација кој започна и од кој враќање нема“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ