Фотографииите од девојче кое клекнува пред стара баба која проси на улицата Кнез Михајлова во Белград, а потоа ја прегрнува, ги обиколија социјалните мрежи. Случката била забележана од страна на Владимир Чех, кој случајно се нашол на местото на настанот.
Владимир Чех кој е авторот на овие фотографии, бил на минување по една од најпрометните улици во градот, и ја видел оваа потресна глетка.
„Го видов девојчето како колечи и разговара со бабата. Кога се прегрнаа, срцето ми се стегна. Не сакав да ги вознемирам и да им пристапам, само ги фотографирав. Инаку, бабата која проси е речиси секој ден овде, недалеку од Српската академија на науки и уметности“, изјави Владимир.
За што разговарале не е познато, но едно е сигурно, со ваквите гестови се враќа вербата во луѓето. Според неофицијални бројки, во главниот град на Србија има повеќе од 2000 бездомници.