14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Хакери на ИД нападнале британски портали

Хакери поврзани со Исламската држава извршиле напади врз порталите на британскиот национален систем за здравство. Хакерите кој се базирани во Северна Африка, на порталите прикачиле снимки од џихадистите во Сирија.

Шест од порталите биле нападнати на т.н „Тунисиска екипа Фалага“, а два од нив се сериозно оштетени. Најпрво британските медиуми шпекулираа дека се пробиени и личните податоци на пациентите, но со подеталната проверка беше откриено дека такво нешто не се случило.

Според британското МВР, ваквите напади повеќе не се „шпионски тилери или акциони филмови“ туку се сериозна закана за општеството.

поврзани објави

Последни објави