Автентичната копија на фамозниот Титаник, кој пред повеќе од еден век потона на неговото прво патување, е спремен да заплови по морските води.
Првата пловидба се очекува во 2022 година, а бродот ќе тргне по истата тура како претходникот. Копијата на Титаник ќе тргне од Дубаи. Потоа ќе замине од Саутемтон во Британија за да земе потници за потоа да отплови кон Њујорк.
Сопственикот на овој брод е австралискиот милијардер Клајв Палмер, а на идејата да го изгради Титаник II дошол во 2013 година. Сигурен е дека овој брод ќе стане туристичка атракција што ќе плови по целиот свет.
Оригиналниот брод Титаник потона на својата прва пловидба на 12 април 1912 година во водите на северен Атлантик. За да не се случи нешто слично и да удри и овој брод во леденик, копијата има посебно засилен труп.
Култниот Титаник со неговата грандиозност своевремено предизвика огромна заинтересираност за неговото прво патување, менувајќи го дискурсот на прекуокеанските патувања со понудата за луксузни удопоства и услови за елитата, но истовремено нудејќи опција и за посиромашните слоеви да бидат дел од неговото патување.