-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Тинејџерка направила колачи од пепелта на својата баба, потоа направила нешто што ќе ве шокира

Една тинејџерка од Калифорнија, направила колачи од пепелта на покојната баба, па со овие бизарни благи ги почестила соучениците од одделението. Полицијата моментално го истражува овој инцидент.

Американските медиумии пишуваат дека во полиција случајот го пријавил еден од учениците кој дошол со семејството и ја раскажал приказната за бизарните колачиња.

„Таа девојка оди по училиштето и на сите им зборува дека во училницата донела колачи со пепел од човек“, раскажал тој.

Момчето објаснило дека сфатило дека таа е навистина сериозна, кога директорот на училиштето и наставниците го прашале дали јадел од колачињата, па потоа го натерале да потпише изјава и да вети дека на никого нема да му каже за овој инцидент.

„Ова е еден чуден инцидент. Сè уште не сум слушнал дека некој се разболел или дека овие колачи некако му наштетиле“, пренесува полицаецот Пол Дорошов.

Истражителите не се сигурни дали овде воопшто постои злодело и на кој начин би можеле да го обвинат девојчето.

поврзани објави

Последни објави