12.8 C
Skopje
Thursday, May 23, 2024
spot_img

Во понеделник е Ѓурѓовден: Кои се обичаите и што треба да направиме на овој ден?

Православните верници во понеделник го прославаат Ѓурѓовден, празникот кој е врзан со најголем број обичаи што постојат во народното верување.

Овој светец се смета за граница меѓу зимата и летото, празник врзан за здравјето на домашните, женачката, плодност на стоката и добри посеви.

Главен обичај е плетење венец од билки, миење со цвеќиња, капење во река.

Венецот сплетен од цвеќиња треба да се стави на влезната врата во куќата и тоа значи дека домот и годината ќе бидат богати.

Наутро со билките и со цвеќињата што домаќинката претходно ги потопила во вода, прво се мијат децата за да бидат здрави како дрен преку цела година, девојките и момчињата се грабаат околу нив, старите да бидат витални, а домашните куќата да им биде чувана.

Се верува дека на Ѓурѓовден не треба да се спие, бидејќи главата може да ве боли цела година.

Во селата се палеле големи огнови за да се избркаат сите зли и лоши сили.

Се верувало дека ако е ведро, годината ќе биде плодна, а ако врне, дека ќе биде сушна година.

поврзани објави

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Последни објави