Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган во изјава за ДПА, истакнува дека промените кои ги добива претседателот на Турција, не се бенефит за него.
„Промените кои ги направивме не се лично за мене. Нема потреба да се вознемирувате. Секој систем создава свои лидери. Со волја на Бог, Турција секогаш ќе има еден Ердоган“, изјави претседателот на Турција.
Во 2014. година Ердоган ја презеде претседателската функција, поради што започна процес за промена на претседателските овластувања, пакет кој ќе ја стави извршната власт во втор план, додека сите одлуки ќе ги сноси еден човек, во случајот Ердоган.
Според него оваа одлука ќе донесе првиот човек на државата да покаже лидерство, кое е неопходно за смирување на ситацијата во регионот. Критичарите и натаму сметаат дека промените во Уставот ќе ја внесат државата во уште поголем проблем.