13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Погрешен ултразвук за бебето: Очекувала девојче, добила момче – реакцијата на мајката зборува многу

Мала е веројатноста во денешно време да добиете погрешен ултразвук од бебето. Сепак, грешките се возможни и постојат, а токму тоа го доживеала Ненси Реј, мајка на три деца.

Ненси, деталите за својата бременост ги споделувала на својот профил на Инстаграм, радувајќи се на доаѓањето на своето трето дете кое требало да биде „татина трета принцеза“.

Постојано мислела дека очекува трето девојче, а на породувањето го доживеала најголемото изненадување во животот.

Неверојатниот момент кога сфатила дека родила момче наместо девојче, го забележал фотографот Лорен Џоли. Покрај големото изненадување на мајката, сопругот дури го открил бебето за да се увери дека сепак добиле син.

Фото

„Ова дефинитивно е една од моите омилени фотографии во животот“, напишала Реј покрај оваа неверојатна фотографија.

поврзани објави

Последни објави