Илија Димовски, пратеник од редовите на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ реплицираше на директорот на Дирекција за администрација г. Спасе Глигоров. Почитуван директор вие сте одговорен пред Собранието на Република Македонија, не сте одговорен пред Владата на Република Македонија.
Би сакал да кажам добар е извештајот во смисла на структура и колку вработени имате во вашата институција, кој е сооднос со етничка припадност на вработените во вашата институција. Но тоа апсолутно не е од примарно значење за Собранието на Република Македонија, посочи Димовски.
Димовски во репликата додаде дека ќе го повика на седница за пратенички прашања за да даде податок директорот на точен број на нови вработени административни службеници, бидејќи само затоа е надлежен само директорот. Точен број на нови работни односи, не на колку е зголемен бројот туку на нови работни односи во минатата година за која што разговараме не за назад и напред, туку само за минатата година за која што разговараме, побара Димовски од Глигоров.