На прашањата од ГДУ на денешната прес-конференција, од Општина- Штип, одговорија со писмено соопштение:
„ Општина Штип го има предвид проблемот со локацијата на ЈП „Стипион “ кај Автобуската станица. Се разгледуваат неколку можни решенија кои се погодни за дислокација на материјалите за работа на јавното претпријатие и наскоро по пронаоѓањето на погодна локација истите ќе бидат дислоцирани.
Потсетуваме дека благодарение на неодговорното работење од страна на ВМРО-ДПМНЕ беа оттуѓени старите гаражи на ЈП „Стипион “ со што јавното претпријатие е доведено во состојба да нема соодветни гаражи и простор за одлагање на материјалите за работа. “, стои во реакцијата.