Локалниот клуб на Граѓанско Демократска Унија-ГДУ- Куманово, дава целосна поддршка на иницијативата на Заменикот Народен правобранител од Куманово, г-дин Насер Весељи, за средување на рабниците на тротоарите, преку прилагодување за движење на лицата со посебни потреби, мајките со детски колички, старите лица.
Но, не треба тука да се застане. ГДУ прашува што се случува со редовното годишно санирање на коловозот, што беше најавувано како акција за во пролет, а сега и на почеток на летото не е завршена. Дали тоа беше само со краток век на траење, до 5 мај и ништо повеќе? Каде е сега механизацијата, што пред изборите беше јасно видлива, а сега е дислоцирана? Дали општина Липково има поголем обем на сообраќај од најголемата општина во Македонија? Забележуваме дека сега таму се сечат лентите, а во Куманово нема ни лопата да заигра.
Дали нашите возачи имаат стари, скапани возила или пак скапи џипови, па немаат потреба од крпење на уличните дупки? Или пак ги вежбаме возачките способности, нешто во стилот на велеслалом? Кај нас мора да си луд, за да оддржуваш правец на движење!!!
Дали градската администрација има излезено по улиците на Куманово или тие не се „од тука“? Она што сите го гледаме и чувствуваме секојдневно, тие најверојатно го немаат ниту чуено како проблем. Да не треба и една иницијатива од возачите, па по претставка, Народниот правобранител да им „стегне“ нова службена белешка и да им даде наводи за постапување? Зарем се треба на туркање, со подбоцнување од страна на загрижените граѓани? А што велите за промена да дојде до некоја иницијатива внатре од самата администрација? Или немаме капацитет за тоа, исто како ни за влез во ЕУ?
Луѓе имате буџет на располагање. Дајте веќе еднаш почнете да го трошите на граѓаните и нивните насушни потреби, се вели во соопштението на политичката партија ГДУ- Куманово.