Градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев денеска на прес конференција најави дека локалната самоуправа и Советот ќе продолжат и наредната сезона да го поддржуваат клубот ГФК Тиквеш.
На пресот говореа и претседателот на Советот Росто Сакалиев ,и претседателот на Управниот одбор на ГФК Тиквеш Миле Масларков.
На средбата присуствуваа сите фудбалери на Тиквеш. Беа тажни поради вчерашниот пораз од Силекс во вториот бараж, а веста од градоначалникот за поддршката и наредната сезона беше примена со задоволство.
-Градоначалникот Јанчев, и Советот на Општина Кавадарци задоволни од пласманот на ГФК Тиквеш во ова првенство на ВФЛ Исток. Клубот е консолидиран, публиката се врати на трибините, во градот владее фудбалска атмосфера како никогаш досега.Спортот стана составен дел на нашето живеење.Затоа Локалната самоуправа и Советот ке продолжат и наредната сезона да го поддржуваат клубот .Најавени се градежни интервенции и работи на стадионот и трибините.
-Со ова Управа, стручниот и играчкиот кадар, в година ГФК Тиквеш повторно ке атакува за влез во Прва лига.