Премиерот Зоран Заев денеска најави дека сите опции околу предвремени парламентарни избори се во игра. Ќе се чека одлуката на Европскиот совет, во јуни или јули па потоа ќе одлучи дали ќе се оди на предвремни избори, дали ќе има реконструкција на Владата или ќе се бира целосно нова Влада.
Следната недела Заев ќе оди во Берлин на средба со канцеларката Ангела Меркел, во обид да ја убеди Германија да даде зелено светло за земјава да добие датум за почеток на преговори.
Прочитај повеќе: Следната недела неработен ден- За следниот ќе чекаме со месеци
По неработниот ден за Бајрам кога одморивме, следи нов неработен ден идната недела, воедно и продолжен викенд.
Следен неработен ден е 14. јуни петок е празникот Духовден, кој е исто така неработен ден, па со викендот после него се добиваат три слободни дена.