4.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Мицкоски: Ние нема да им нудиме национал романтичарски понуди на Албанците, туку проекти за подобар живот

Ние нема да им нудиме национал романтичарски понуди на Албанците, туку проекти за подобар живот, кои ќе ги решат проблемите на граѓаните, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговото гостување во Топ Тема на Телма телевизија.

Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ нема да бара поддршка на национал романтична платформа од ниту една етничка заедница во Република Македонија затоа што видовме дека тоа не води кон подобар живот за нашите сограѓани, без разлика од која етничка или верска заедница припаѓаат.

Имаме платформа, имаме програма која што ќе ја понудиме, програма која што треба да ги реши проблемите на граѓаните. Доколку биде препознаена од страна на граѓаните ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, потенцираше Мицкоски.

Тој додаде дека национал романтичните понуди кои што Зоран Заев и СДСМ ги испорачуваа во изминатиот период видовме дека повеќе не наидуваат на поддршка што се докажа во првиот круг на претседателските избори кога таа се сведе на статистичка грешка.

поврзани објави

Последни објави