Стојанче Стоилов веднаш по враќањето од Турција замина на операција. Македонскиот репрезентативец денеска е опериран во „Аџибадем Сиситина“ и според информациите до кои дојде „Спортмедиа“, големиот борец се чувствува добро.
Стоилов уште еднаш покажа зошто е икона на македонскиот ракомет и ја заслужува сета почит, одлучи и покрај проблемите со коленото да настапи против Турција, одигра храбро, машки без да се штеди.
Прочитај повеќе вести: Вардар добива 14 милиони денари ваучер
Агенцијата за млади и спорт соопшти кој клуб колку ќе добие од поделбата на ваучерите. Очекувано, најголема сума на пари ќе добие Европскиот и шампион на Македонија, тимот на РК Вардар.
„Црвено – црните” ќе добијат 14.милиони денари (230.00 евра), најмногу од сите спортски колективи. По Вардарци следуваат тимовите на Металург со 12 милиони денари, Еурофарм Работник 11, Пролет 8.