2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Има 77 години и буквално целиот свој живот го живее без струја и вода

Маргарет Галагер од Шкотска скоро 80 години живее без приклучоци за струја и вода (за интернет да не правиме муабет) и вели дека ништо не би сменила во начинот на живеење.

Кога се родила во 1942 во округот Форманах , во близина на ирската граница, имало голем број домаќинства без струја и вода. Сите соседи направиле приклучоци во 50-тите години на минатиот век, но семејството на Маргарет не можело да си го дозволи тоа поради смртта на мајката и тешката болест на таткото. Сега Маргарет има 77 години и живее одвоена од сите приклучоци.

„Живем вака зашто ми се допаѓа. Не сум некоја што тоа го прави од мода и тренд. Моето детство заврши на десет години. Ми почина мајка ми, а татко ми беше неподвижен поради артритисот. Немавме финансиски средства за да воведеме вода или струја”, раскажува Галагер.

Откако нејзиниот татко починал во 1980, таа сама продолжила да живее во куќата од 18. век. Вели дека и е потребна физичка сила за да си обезбеди нормален живот. Така по 10 пати дневно оди по вода на бунарот преку полињата.

Секое утро пали оган за да има каде да готви, а секој ден сече дрва за огнот. Вели дека сепак не и е тешко и дека ужива во мирот и тишината и во задоволството што не може да се плати со пари.

поврзани објави

Последни објави