Италијанската актерка Орнела Мути се соочува со затворска казна ако не плати отштета бидејќи ги откажала своите настапи во театар, за да присуствува на гала вечера со рускиот претседател Владимир Путин и американскиот колега Кевин Костнер.
Мути требало да се појави во театар во декември 2010-та година, но рекла дека е болна по што отпатувала во Санкт Петербург.
На лекарско уверение препорачани и било 5-дневно мирување поради проблеми со грлото, кашлање и температура.
Врховниот суд во Италија ја потврдил нејзината условна затворска казна на шест месеци, и парична казна од 500 евра и 30.000 евра отштета за театарот “Верди” во Порденоне на северистокот на Италија.
Откако во јавноста се појавиле фотографии од актерката на иста маса со претседателот Путин, судот поднел тужба.