8.8 C
Skopje
Tuesday, December 10, 2024

Чистачка во хотел си даде отказ со картичка на која напиша: „Серковци, си најдов нова работа“

Жената која тврди дека била злоупотребувана на работа даде отказ, така што на шефовите им остави честитка со порака: „Жал ми е за вашата загуба“, и наброи сè што ѝ пречeлo.

Лиза Бел од Блекпул, Англија, работела како чистачка во хотелот „Линден“ само четири месеци пред несекојдневниот отказ. За време на тој кус период таа тврди дека морала да работи под тешки услови, како што е забраната за седење за време на паузите за чај.

Таа наводно била ограничена на еден пијалак во текот на три 10-минутни паузи во шестчасовната смена, а исто така рече и дека шефовите ја шпионирале.

Кога 40-годишната жена одлучила да даде отказ минатата недела, ја купила најевтината картичка што можела да ја најде и ги напишала сите свои жалби. Исто така, открила дека и нејзината колешка Каран Баул дала отказ од работа.

„Како што можеби забележавте, денес не сум на работа“, ја почнува таа својата исповед. „Тоа е затоа што сте серковци, па си најдов нова работа“, продолжува таа откривајќи дека планирала да им јави една недела однапред сè додека на неплатениот одмор не ѝ рекле дека не треба да седи.

Лиза ја сподели фотографијата од честитката на „Фејсбук“, каде што ги опишала шефовите како насилници.

поврзани објави

Последни објави