Лила Филиповска, убавата водителка на популарниот квиз „Се или нешто” на Сител Тв, сподели смешно видео на Фејсбук и Инстаграм.
Таа сподели видео на кое соработниците ја вадат од памет, па изреагира смешно и опцу.
https://www.facebook.com/lila.filipovska/videos/10217793844811535/
Прочитајте повеќе вести: Кои се 5-те работи кои вистинските пријатели никогаш не би ги направиле
Не ве озборуваат позади грб
Вистинските пријатели се дистанцираат од непотребни драми. Ако некој близок шири гласини или раскажува работи кажани во доверба, тогаш таа личност не е вистински пријател и не ја заслужува вашата доверба.
Никогаш не посегнуваат кон лични напади и ниски удари
Вистинските пријатели никогаш не би сакале да се чувствувате лошо и да имате лошо мислење за себе. Тие сосредоточуваат на вашите заеднички сличности, а не на разликите. Тие зборуваат за вашите квалитети, а не за вашите недостатоци.
Не се занимаваат со бесмислени караници
Вистинските пријатели треба да се прифатат меѓусебно и да ги почитуваат мислењата на своите пријатели. Секако дека нема секогаш да се сложувате со сѐ и дека ќе се карате, но сето тоа мора да има некакво ниво.
Не ве прекинуваат на секоја реченица
Вистинските пријатели не се толку опседнати со себе за да не бидат заинтересирани за тоа како се чувствувате вие. Вистинското пријателство не може да постои кога едниот цело време зборува и никогаш не со слуша другиот.
Не ги омаловажуваат вашите цели и соништа
Вистинските пријатели се подготвени секогаш да бидат искрени во вас, но тоа не го прават на суров или бесчувствителен начин. Наместо тоа, тие нудат конструктивни, корисни совети кои ве инспирираат да бидете подобри и ве поддржуваат во остварување на вашите цели.