3.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

5 тешки гатанки кои нема шанса да ги погодите без мамење – пробајте

„Што е тоа што наутро оди на четири нозе, на пладне на две и навечер на три?“ – тоа е гатанката која Сфингата му ја поставила на кралот Едип, како што раскажува древната грчка легенда. Гатанките постоеле од дамнешни времиња, служејќи им на луѓето за забава, но и за поттикнување на нивната фантазија и умствени способности. Можете ли вие да ги решите овие гатанки?
1. Што е тоа што го има еднаш во минута, двапати во момент и никогаш во илјада години?

2. Што е тоа што има четири прста, има и палец, но не е живо суштество?

3. Кој збор во речникот се пишува неточно?

4. Што е тоа што се наводенува кога се суши?

5. Јас сум и мајка и татко но никогаш немам родено, а никогаш не скитам. Што сум јас?

Фото

Одговорите се: Под 1. Буквата „М“, под 2. Ракавица, под 3. Неточно, под 4.Крпа, под 5. Дрво.

Ги погодивте ли? Бидете чесни и одговорете чесно.

Извор: Колегите од „Мотика“ кој секогаш знаат да не насмеат

поврзани објави

Последни објави