4.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Шанкерите виделе се и сешто: Ова се 5-те најчести грешки кои ги правите кога сакате да се правите кул

Шанкерите виделе сѐ и сешто, се изнаслушале секакви муабети. Дел од нивната работа е да ги набљудуваат луѓето и да знаат како да им ја разубават вечерта со нивната навремена услужливост и по можност шармантен хумор.

Она што сигурно го виделе повеќето шанкери се луѓе што флертуваат, бидејќи нивното работно место е локацијата каде луѓето излегуваат да се опуштат, да се забавуваат и да најдат љубов или барем секс за една вечер.

Овие вистински суперхерои на модерното време ве гледале како се глупирате и како извлекувате џокер од ракав, како импресионирате и трепкате со очитe. Затоа и најдобро може да кажат кои се најчестите грешки што луѓето ги прават кога флертуваат.

Многу се фалите

Супер е да верувате во себе и да се гордеете со работите што сте ги постигнале. Секој сака да се претстави во најдобро светло и да остави одличен прв впечаток, но не претерувајте со фалбите. Тоа најчесто има контраефект, без разлика дали сте машко или женско. Вшите вистински квалитети сами ќе се покажат, а во меѓувреме почекајте да ви биде поставено прашање, потоа зборувајте.

Премногу пиете

Тактиката да се пофалите пред личноста за која сте заинтересирани колку може да испиете е погрешна од многу аспекти. Прво, многу е незрело. Второ, не е за фалење. Трето, ќе сакате да се сеќавате на дејтот, нели?

Претпоставувате што сакаат да пијат

Не е симпатичен потег да нарачате за другата личност иако ова ви е прв дејт или само што сте се сретнале во барот. Обидот да се „киднапира“ состанокот никогаш не завршува добро.

Нарачувате нешто само колку да бидете кул

Пијте си тоа што си пиете секогаш. Ако сакате да го импресионирате другиот со тоа што ќе покажете „префинет вкус“, а уште полошо не знаете ни како да го изговорите, нарачате, ни да го испиете тоа „нештото“, сами се осудувате на пропаст. Бидете свои, тоа е секогаш добар почеток.

Говор на тело

Не заборавајте каде и како сте позиционирани во просторот. Шанкерите тоа најдобро го забележуваат. Не се навалувајте премногу кон другата личност, не ја окупирајте цела маза/шанк, не зјапајте во телевизорот, во мобилниот, во други мажи/жени… вашиот говор на тело покажува многу повеќе од вашите зборови.

Недопирливи

Ако се обидувате да флертувате со личност која случајно сте ја запознале, без намера да сретнете некој интересен, ставот на недопирливи и незаинтересирани, кога навистина сте заинтересирани, е страшен минус. Сериозно, како очекувате другата личност да добие позитивни вибрации од вас и да сака да ви се јави/пише?

поврзани објави

Последни објави