На средбата помеѓу Паханг и Перак од Купот на Малезија победничкиот гол беше постигнат во 93 минута и тоа од слободен удар од неверојатна оддалеченост од околу 60 метри, со што овој погодок дефинитивно влегува меѓу тие кои можат да влезат во конкуренција за најдобар на сите времиња.
Стрелец беше Херолд Марк Гулон, кој се гледа дека намерно шутира кон противничкиот гол иако се наоѓа на својата половина, сакајќи да го искористи фактот што противничкиот голман е далеку од сопствениот гол.
Прочитајте повеќе: Маестро Федерер го преслуша Гофан и стигна до јубилејна 10. титула во Хале
Рожер Федерер е поим за успех кога станува збор за турнирите кои се играат на тревна подлога, а тоа го докажува и на свои 37 години со своето последно издание на турнирот во Хале.
Швајцарецот традиционално се загрева во Германија пред настапот на Вимблдон, па ако минатата година беше спречен од Борна Чориќ да стигне до својата јубилејна 10-та титула во Хале, денеска Федерер не пропушти да се најде во друштво на Рафаел Надал. Рожер стана само вториот тенисер во историјата кој има освоено десет титули на еден турнир, откако ова попладне го преслуша разиграниот Давид Гофан кој сепак имаше сили само за еден сет.
Белгиецот беше доста опасен во првиот сет и се чинеше дека е поблиску до брејк, но откако Федерер спаси три брејк топки во низа, сетот отиде во 13-ти гејм каде Швајцарецот обично е непобедлив. Федерер до доби тајбрејкот со 7:2, а потоа во вториот сет комплетно го разби противникот и со убедливи 6:1 стигна до фантастичен јубилеј, а воедно и до 102-та титула во својата блескава кариера.