Перуанскиот суд денеска издаде меѓународен налог за апсење за поранешниот претседател на државата Алехандро Толедо, одредено му е осумнаесетмесечен притвор поради обвиненија за корупција.
Толедо кој моментално се наоѓа во Франција, обвинет е за примање на 20 милиони долари мито од бразилската градежна компанија Одебрехт.
Тужителството трврди дека Толедо прифатил мито од компанијата во време кога бил претседател на државата (од 2001-2006), а за возврат бразилската компанија добила дозвола за изградба на автопати кој поврзуваат Рио де Женеиро и Лима.
Во овој корупциски скандал се вмешани и други политичари од Латинска Америка. Некогашниот советник на панамскиот претседател Хуан Царлос Варела во четвртокот истака дека неговиот поранеше шеф добил мито од компанијата Одебрахт.