Јелена Карлеуша својата кариера ја започна во почетокот на 90-тите години од минатиот век. Јелена тогаш фурала народњачки стил, но и пеела во тој фазон, што претставува нешто сосема спротивно од она што е сега. Нејзиниот прв настап бил во 1995. година, тогаш ја отпеала својата прва песна под насловот „Огледалце“.
Сепак, Карлеуша тогаш не предизвикувала внимание во јавноста какво што предизвикува денес. Напротив, девојките кои беа нејзини пратечи вокали ја гледаа Карлеуша малку чудно. Сепак, тоа не ја спречи поп дивата да продолжи да чекори напред, да го смени својот стил и да биде тоа што е денес, а денес дефинитивно е една од најпопуларните пејачки на Балканот.
Во продолжение на самите фотографии ќе можете да видите како изгледала Карлеуша во 90-тите години односно на почетокот од својата кариера, кога многу малку од вас ја знаеле, а некои можеби пак и не слушнале за нејзиното име и презиме.