Прилично бизарно звучи самата најава дека дете некако успеало да си ја заглави главата во решетките околу прозорецот и така да виси од зградата.
Сепак, таа сцена се одиграла во Кина. Имено, детето некако успеало да ја набие и заглави својата глава во надворешната страна на прозорецот, и така заглавено висело до наредниот спрат. Храбар минувач го спасил детето, така што ги превземал работите во свои раце и преку фасадата се искачил до преплашеното дете. Го држел во раце за да не виси од зградата, додека не дошле пожарникарите да ги исечат решетките и да го ослободат несреќното дете.