5.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Џамбаски: Нема да дозволиме шепа на србомани од Скопје да ни се качат на глава

Eвропратеникот од ВМРО Ангел Џамбаски ги коментира односите меѓу Македонија и Бугарија, во контекст на работата на мешовитата комисија, која треба да ги реши историските спорови меѓу двете земји, како и евентуалното примање на Македонија во ЕУ. Џамбаски ја поздрави изјавата на Пендаровски, за како што рече, признавањето дека Гоце Делчев е Бугарин, но и забележа – тој не се борел за никаква независна Македонија. Во времето кога живеел Георги Николов Делчев, не постои таков концепт односно поим „независна Македонија“. Според него за Македонија почнува да се зборува дури 30 години по смртта на револуционерот и тоа во контекст на националното предавство од раководителите на БКП. На прашањето за членството на Македонија во ЕУ и во НАТО, Џамбаски цврсто беше убеден дека ова треба да се случи само по исполнување на одредени услови.

“Кога ќе престанат да ги криминализираат, лажат, злоупотребуваат, крадат и фалсификуваат бугарската историја, тогаш тоа би можело да се случи.” Нема да дозволиме шепа на преостанатите Срби во Белград, испратени од Скопје, да не злоупотребат и да се качат на глава“, рече тој за „24 часа“.

Во неодамнешното интервју дадено за „Поглед“ Џамбаски зборувајќи за македонско – бугарските односи рече дека тој ја чувствува Македонија не за северна или јужна, туку за братска, но истовремено нагласи дека Гоце Делчев се декларирал за бугарин и дека тој не треба да не разединува, туку да не обединува, а дека македонската страна ќе треба да ги признае историските факти кои ги познава цел свет.

Целото интервју за „Поглед“ можете да го прочитате ТУКА

поврзани објави

Последни објави