6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

ПОВОЛНОСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ КОИ ИМААТ ДОЛГ ЗА ВОДА: Исплаќање на долгот без пресметана камата за задоцнето плаќање!

Управниот одбор на јавното претпријатие Скопје во текот на вчерашниот ден донесе одлука за ослободување од камата. Сите граѓани кои имаат заостанат или редовен долг за вода, сега ќе може да го исплатат без пресметана камата за задоцнето плаќање.

Можноста да се плати долгот без камата е со рок од 90 дена. Физички лица може да го исплатат долгот на 4, 6 или 12 рати, во зависност од висината на долгот.

„Доколку должите од 10 до 30 илјади денари, можете да го платите долгот без камата на максимум четири рати, доколку должите од 50 до 70 илјади денари можете да го платите долгот на рати без камата на максимум осум рати. Освен за физичките лица, се обезбедува и плаќање на заостанат долг без камата за правни лица, а овде не спаѓаат државните институции и единиците на локалната самоуправа. Сите останата приватни стопанцтвеници можат да го исплатат долгот на 2,3,4 и 6 рати без камата и зависно од долгот од 50, 100, 150 или 200 илјади денари“, рече директорот на ЈП водовод и канализација Александар Атанасов.

Лицата од социјално ранливите категории, приматели на постојана социјална парична помош, самохрани родители кои имаат заостанат долг, ќе можат да го отплатат на повеќе рати од предвиденото.

Од ЈП Водовод и канализација Скопје најавија дека и понатаму во своите можности, ќе излага во пресрет на граѓаните на Град Скопје, со мерки и проекти од кои бенефит имаат самите граѓани.

поврзани објави

Последни објави