По вчерашниот кикс на пејачката Тамара Тодевска, која го погреши текстот на химната на татковината, денеска во јавноста имаше лавина од реакции, коментари и критики, но и твитови на сметка на самиот настан. Пејачката се извини, а со свое соопштение во јавноста излегоа и владата и американската амбасада. Тодевска призна дека погрешила и се извини до своите фанови.
Но, и покрај бурните реакции имаше и такви кои сакаа да направат шега искористувајќи го самиот настан, па така во низата шеги на сметка на пејачката се појави твит во кој се предлага следната година да биде заменета од пратеникот Крсто Мукоски кој на 27 април беспрекорно ја изведе химната на Макеоднија.
Јас веќе имам предлог до @USEmbassySkopje кој догодина би можел да ја испее химната на Македонија без грешка. Е сега, Мукоски си кошта повеќе од Тамара, стои во твитот.
Јас веќе имам предлог до @USEmbassySkopje кој догодина би можел да ја испее химната на Македонија без грешка.
Е сега, Мукоски си кошта повеќе од Тамара. pic.twitter.com/M9rcXQOEGo— Мартиан (@MartianfromMKD) July 4, 2019