Сигурно сте ја забележале интересната линија со точки кои се поставени на ивицата од шофершајбната на автомобилот, а сега знаеме и за што служат. Овие црни точи се нарекуваат фрит и имаат две цели.
Тие претставуваат гравирана површина за која се фаќа средство за лепење кое го спојува стаклото со рамката. Од надворешната страна овие точки го штитат лепакот од ултравиолетово зрачење и го покриваат лепакот за визуелно шофершајбната да изгледа поубаво.
Поедини произведувачи ја прошируваат оваа лента со точки помеѓу зашттата за сонце која се наоѓа кај возачот и совозачот, за да создадат дополнителна заштита од сончеви зраци за време на возењето.
Прочитај повеќе вести: Вечерва и утре повторно доаѓа пороен дожд
Пороен дожд со ретки грмежи и наместа со град ја зафати попладнево Скопската Котлина. Во некои делови од главниот град улиците се преплавени од наврнатиот дожд. Според УХМР, сè уште има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи, наместа и во форма на невреме.
-Поради големата енергија во атмосферата и натаму е можна изолирана појава на поинтензивни процеси во форма на невреме со град и силен ветер, велат од УХМР.
Услови за нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе има и утре попладне. (МИА)