А сето тоа воопшто не би се случило ако не се одлучеше да го промени стариот тепих. Откако неговите баба и дедо преминале, по некое време тој заминал во нивниот дом за да ја расчисти куќата и да го промени стариот тепих. Кога сакал да го промени стариот, извалкан тепих, под него нашол нешто што воопшто не го очекувал.
Тој нашол сеф. Сефот бил под тепихот, добро забетониран во цементот. Бидејќи не ја знаел комбинацијата за отварање на сефот, повикал бравар за да му помогне. Прво што видел по отварањето на сефот. Беше нешто кое што личеше на мокра цигла. Куќата била поплавувана неколку пати па водата успевала да влезе и во самиот сеф. „Циглите“ всушност биле книги исполнети со добро зачувани монети. Влага ја оштетила обвивката но монетите биле во многу добра состојба. Сефот бил преполн со такви работи, а ова било само третина.
Знаев дека Баба собираше монети, но дури не помислив дека има и некои надвор од колекцијата, напиша тој во коментар. Некои монети останаа совршено зачувани поради добрата заштита. Сепак, еден куп хартија пари не се спротиставила долго време на водата.