6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Полицаец му напишал казна, Вевчанец физички го нападнал

Полицијата во Струга поднесе кривична пријавата против 51. годишниот К.Р. од село Вевчани, кој нападнал службено лице при вршење работна должност.

Инцидентот се случил на 4 февруари, кога полициски службеник извршувајќи ја својата должност, го запрел К.Р. поради рутинска контрола.

Полицискиот службеник го информирал дека ќе му биде издаден платен налог поради сообраќаен прекршок. Нервозниот 51. годишник најпрво започнал да зборува со висок тон, а потоа се обидел да му ги земе документите од рацете на полицаецот, при што неколкупати го удрил. Полицискиот службеник бил приморан да го приведе К.Р.

поврзани објави

Последни објави