Ана Митиќ, водителка од Србија е секогаш дотерана и средена дури си ја работи професионално својата работа, а сега осамна слика која никој не ја очекуваше. Имено, водителката се заглави во лифт, па се заигра и тоа го сподели со нејзините следбеници на социјалните мрежи.
Додека си заглавен, најдобро е да се сликаш, напишала Ана. Тоа што на сите им падна во очи е дрес кодот на водителката, која на фотографијата воопшто не личеше на себе односно се сликаше во тотално опуштено издание, облекла краток шорц и ја врзала својата коса во реп, по што луѓето едвај ја препознаа.
Прочитајте повеќе: Пливањето нè прави попаметни- еве колку треба да пливате за најдобри резултати
Пливањето го намалува нивото на хоромот на стрес – кортизол, а го зголемува ендорфинот, којшто ја намалува болката. Токму затоа, по пливање сме опуштени, а не уморни.
Бројни истражувања потврдија дека пливањето поттикнува обновување на нервните клетки во хипокампусот, кој, меѓу другото, е важен и за просторната ориентација, помнењето и способноста за учење нови податоци.
Eдноставно, пливањето нè прави попаметни. Докажано е дека децата што учат да пливаат во најраната возраст, имаат поголеми шанси за поефективно образование во споредба со децата кои подоцна учат да пливаат.
Истовремено со развојот на мозокот, пливачките движења ги активираат невроните во десната и левата хемисфера на мозокот, ја стабилизираат карлицата, ги зајакнуваат рамињата и ги подобруваат рефлексите.
Испитување спроведено во 2014 година покажа дека при пливање, протокот на крв низ мозокот се зголемува за 14 проценти. Сè ова, заедно со зголемувањето на ендорфинот како хормон на расположението, го изострува фокусот, овозможувајќи му на човекот поефективно и побрзо учење.
За најдобри резултати, треба да се плива триесет минути дневно и – трипати неделно.